БАЈДЕН ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА ЗА 200 МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ АМЕРИКАНЦИ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

    БАЈДЕН ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА ЗА 200 МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ АМЕРИКАНЦИ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД МАНДАТОТБајден прво вети дека 100 милиони Американци ќе бидат вакцинирани за 100 дена (Фото: АП)

    Џо Бајден објави дека 200 милиони Американци примиле вакцина против ковид-19, исполнувајќи го ветувањето дека оваа цел ќе биде достигната во првите 100 дена од неговиот мандат во Белата куќа. Од оваа недела, сите полнолетни Американци можат да се вакцинираат.

    „Едноставно кажано, ако досега сте чекале да дојдете на ред, чекањето заврши“, изјави Бајден.

    Тој прво вети дека 100 милиони Американци ќе бидат вакцинирани за 100 дена, а откако ова беше остварено минатиот месец, целта беше удвоена.

    „Над 80% Американци постари од 65 години до утре ќе имаат примено барем една доза“, кажа Бајден вчера, додавајќи дека земјата сега влегува во следна фаза од имунизацијата, со која ќе бидат опфатени сите возрасни граѓани.

    „Наша следна цел е да ги вакцинираме сите над 16 години во Америка“.

    Околу 28 милиони вакцини се даваат во САД на неделно ниво и повеќе од половина од возрасните имаат примено барем една доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира