ТРУДНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19, ОБЈАВИЈА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ НА САД

    ТРУДНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19, ОБЈАВИЈА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ НА САДНово големо истражување вели дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ се безбедии за трудници (Фото: Гети)

    Бремени жени можат да се вакцинираат против ковид-19, соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), давајќи зелено светло за она што голем број идни мајки со месеци го очекуваа.

    Препораката следува по објавувањето на прелиминарните податоци од големо истражување на ЦДЦ, кои сугерираат дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ се безбедии и ефективни за трудници. Во истражувањето учествувале 34.000 трудници.

    „Уште поважно, не се утврдени никакви безбедносни грижи за жени кои се во третото тримесечје од бременоста, ниту за нивните бебиња. Затоа препорачуваме бремени жени да се вакцинираат против ковид-19“, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, на брифингот во Белата куќа.

    Ова следува по неколку месеци конфузија и сомнежи околу тоа дали бремени жени смеат да се вакцинираат против ковид-19. ЦДЦ и Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија претходно кажаа дека трудници можат да се вакцинираат ако сакаат, за што прво треба да разговараат со својот лекар, но не дадоа јасна препорака.

    „Фајзер“ и „Модерна“ во прв момент не вклучија трудници во клиничките тестирања на своите вакцини, па и податоците за нивната безбедност за трудници и бебиња беа ограничени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира