Милва, една од најпопуларните италијански пејачки од 1960-ите и 1970-ите, почина во нејзиниот дом во Милано на 81 година. Италијанскиот министер за култура Дарио Франческини изјави дека разновидниот глас на Милва предизвикувал длабоки емоции кај цели генерации.
Со вистинско име Марија Илва Бјолкати, Милва важеше за една од најголемите италијански поп пејачки на сите времиња. Во кариерата сними 173 албуми, кои се продале во 80 милиони примероци. Ја следеа прекарите Црвената Милва поради бујната црвена коса и Пантерата од Горо поради нејзината виталност.
Германија, Франција и Италија ѝ врачија национални признанија, а голема популарност уживаше и во Азија, особено Јужна Кореја. На фестивалот Сан Ремо учествуваше 15 пати, а од сцената се повлече во 2010 година по повеќе од половина век настапи.