НАЈМАЛКУ 82 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОВИД БОЛНИЦАТА ВО БАГДАД

    НАЈМАЛКУ 82 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОВИД БОЛНИЦАТА ВО БАГДАДСе верува дека пожарот избувнал откако експлодирала боца со кислород (Фото: АП)

    Најмалку 82 луѓе загинаа во пожарот во болница во Багдад во која се лекуваат пациенти со ковид-19.

    Се верува дека пожарот избувнал откако експлодирала боца со кислород, при што најмалку 110 луѓе се повредени. Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими изјави дека наредил итна истрага за несреќата.

    „Пожарот почнал на одделението за интензивна нега, на спратот наменет за белодробна реанимација. Околу 30 пациенти биле сместени на одделението, кој е резервиран за најсериозните случаи на ковид-19“, изјавија од болницата.

    Министерството за здравство кажа дека најмалку 200 луѓе се евакуирани од болницата, вклучувајќи и пациенти, а точната бројка починати дополнително ќе биде утврдена. Министерот Ал-Кадими го опиша пожарот како злосторство и веднаш ги смени раководителите на болницата, обвинувајќи ги за небрежност.

    Пожарот се случи додека Ирак се бори со сериозниот втор бран на пандемијата, кога дневната бројка на новозаразени е околу 8.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира