САД ЌЕ ПОДЕЛАТ 60 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“ НА ДРУГИ ЗЕМЈИ

    САД ЌЕ ПОДЕЛАТ 60 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“ НА ДРУГИ ЗЕМЈИВакцината на „АстраЗенека“ засега не се користи во САД, иако земјата има големи залихи (Фото: Ројтерс)

    САД ќе поделат 60 милиони вакцини на „АстраЗенека“ на други земји во наредните месеци откако ќе завршат федералните безбедносни проверки, објави Белата куќа. Земјата има огромна залиха на вакцини од овој производител, иако регулаторите сѐ уште ја немаат одобрено нејзината употреба. Владата беше критикувана дека трупа залихи додека вакцините им се неопходни на некои земји.

    Минатиот месец, Џо Бајден одобри четири милиони дози да бидат испорачани во Канада и Мексико, а притисокот врз неговата администрација се засили во последно време поради големата криза со коронавирусот во Индија.

    Белата куќа кажа дека првите десет милиони дози ќе бидат ослободени во наредните недели, а останатите 50 милиони се во различни фази од производство.

    „Агенцијата за храна и лекови ќе направи брза проверка на квалитетот на вакцините пред да бидат извезени. Дополнително ќе соопштиме кој ќе ги прими вакцините“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

    САД досега ги одобрија вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, при што 53% од возрасните жители веќе имаат примено најмалку една доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира