ОД 21 МАЈ ПОЧНУВААТ ЛЕТОВИТЕ МЕЃУ СКОПЈЕ И МОСКВА

    ОД 21 МАЈ ПОЧНУВААТ ЛЕТОВИТЕ МЕЃУ СКОПЈЕ И МОСКВАРуската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. (Фото: Нордвинд)

    На 21 мај, авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ ќе започне со директни летови на новата меѓународна релација Москва – Скопје, соопшти Руската амбасада во Скопје. Летовите ќе бидат еднаш неделно, во петок, а времето на патувањето е 3 часа 25 минути.

    На веб сајтот на авиокомпанијата веќе можат да се прават резервации и билет за еден правец од Скопје до Москва чини од 125 евра. Руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта.

    Скопје и Москва последен пат беа поврзани со редовна линија меѓу 1993 и 1996 година по склучениот билатерален договор за воздушен сообраќај со Руската Федерација. Линијата ја одржуваше компанијата „Палер Македонија“ која банкротираше во октомври 1996 година.

    Интерес за летање од Москва за Скопје пројавила и компанијата Победа која е нискобуџетен превозник во целосна сопственост на руската националната компанија Аерофлот, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од таму велат дека барањето е прифатено, но засега нема детали кога и таа линија би профункционирала.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира