ТОНИ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЈА ПРЕПОЛНИЈА БРАНАТА КАЛИМАНЦИ, КОНЦЕСИОНЕРОТ НЕ ЧИСТИ

    ТОНИ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЈА ПРЕПОЛНИЈА БРАНАТА КАЛИМАНЦИ, КОНЦЕСИОНЕРОТ НЕ ЧИСТИИлјадници пластични шишиња се насобрани пред главниот насип на браната. (Фото: СДК.МК)

    Браната Калиманци оваа пролет го достигнува својот максимален капацитет од 27 милиони кубни метри вода, па во последно време кај насипот на браната се врши испуст на вода за да се одржи акумулацијата во потребната кондиција и истовремено да се обезбеди неопходниот минимум вода за течението на реката Брегалница.

    Истовремено со високиот водостој на браната долга 14 км и максимална длабочина од 80 метри, се зголемува и нивото на загадувањето, па овие денови при крајниот дотек на водата во браната пред главниот насип се насобрани неколку илјади тони пластични шишиња и друг отпад. Отпадоци има и на сите краци на браната кои оваа пролет се исполнети со вода.

    Еколошкото друштво „Здравец “ од Македонска Каменица се оградува од најновото загадување. Друштвото веќе нема надлежност за загадувањето затоа што браната има концесионер во име на Риболовното друштво „Шаран“.

    „Нашето екодруштво ‘Здравец’ повеќе години кога акумулацијата намаше концесионер организираше редовни акции во чистење на водите од пластични шишиња и друг отпад. Сега, немаме недлежности и не сакаме воопшто да се мешаме во обврските што ги има концесионерот“,  вели претставникот на „Здравец“, Миран Митревски.

    Никој од раководството на риболовното друштво не е достапен за информации, но бројните рибари што ги затекнавме да рибарат на браната не го оправдуваат загадувањето и неактивноста да се собере отпадот, барем оној што е во најголема мерка кај насипот на браната. Тие апелираат сите што ги користат водите на Калиманци да ги собираат пластичните шишиња и да не ги фрлаат во акумулацијата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира