45 ПОЧИНАТИ ПРИЈАВЕНИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА, 20 УМРЕЛЕ ВО АПРИЛ, 105 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 946 ТЕСТИРАЊА

    45 ПОЧИНАТИ ПРИЈАВЕНИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА, 20 УМРЕЛЕ ВО АПРИЛ, 105 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 946 ТЕСТИРАЊАОд почетокот на пандемијата на ковид-19, починати се вкупно 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се пријавени вкупно 45 починати лица како последица на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Меѓу нив се и пријавени 20 пациенти починати во период од 29 март до 10 април.

    Приватните болници од неразјаснети причини ги пријавуваат починатите кај нив со задоцнување.

    Регистрирани се 105 нови позитивни на коронавирусот од 946 тестирања направени за последните 24 часа.

    Починатите се: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г).

    Од 105-те нови случаи на ковид-19 во Скопје се 55, Битола – 15, Тетово – 9, Струмица – 6, Куманово и Кавадарци – по 3, Велес и Охрид – по 2, Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

    Направени се 946 тестови преку: ИЈЗ-72, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември -5, Институт за микробиологија – 78, МАНУ – 44, Жан Митрев (Филип Втори) – 68, Авицена -147, Биотек – 109, Систина – 153, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 3, Ремедика – 0, Плодност – 33, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 191.

    Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.

    Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 67.459, активни 6.514
    Куманово 8.558, активни 1.033
    Прилеп 8.180, активни 621
    Тетово 7.123, активни 540
    Битола 6.166, активни 910
    Велес 5.409, активни 495
    Гостивар 5.120, активни 342
    Кавадарци 5.115, активни 364
    Штип 4.895, активни 343
    Охрид 4.915, активни 455
    Струмица 4.017, активни 478
    Струга 2.943, активни 155
    Кочани 2.727, активни 207
    Кичево 2.475, активни 255
    Гевгелија 2.177, активни 224
    Неготино 2.159, активни 184
    Свети Николе 1.493, активни 113
    Крива Паланка 1.208, активни 60
    Ресен 1.211, активни 192
    Радовиш 1.090, активни 96
    Берово 1.015, активни 47
    Делчево 952, активни 84
    Дебар 931, активни 37
    Виница 824, активни 128
    Пробиштип 774, активни 31
    Валандово 660, активни 56
    Богданци 491, активни 60
    Крушево 481, активни 98
    Демир Капија 394, активни 24
    Демир Хисар 388, активни 67
    Кратово 353, активни 6
    Македонски Брод 355, активни 18
    Пехчево 262, активни 17
    Македонска Каменица 233, активни 16
    Дојран 132, активни 6

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира