Миланска Скала од синоќа повторно е отворена за настани и публика, откако седум месеци беше затворена поради ковид пандемијата. Седиштата од салонот се извадени, и таму со заштитини маски седеа членовите на оркестарот. На концертот на Хорот со дела од Верди и Вагнер диригираше музичкиот директор Рикадо Чаили. Публиката беше во ограничен број, само 500, и тие седеа на балконите од Скала.
Концертот помина во знакот на дебито на 34-годишната сопранистка Лисе Давидсен од Норвешка, која на крајот доби петминутни овации.
„Ова е симбол на рестартирање не само за Скала, туку и за цела Италија“, вели уметничкиот директор Доминик Мејер.
Веќе за денес е најавено гостувањe на Виенската филхармонија со диригентот Рикардо Мути.
Италија ги затвори театрите и концертните сали лани во октомври. Откако почнаа да се намалуваат бројките на новозаболени и починати од ковид-19, со ограничувања на 26 април се отворија кафулињата, рестораните, кината и театарите.