УЧИЛИШТЕТО „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БИТОЛА ДОБИ ПАМЕТНИ УРЕДИ ЗА ПОЛЕСНО УЧЕЊЕ И СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

    УЧИЛИШТЕТО „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БИТОЛА ДОБИ ПАМЕТНИ УРЕДИ ЗА ПОЛЕСНО УЧЕЊЕ И СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТИОпремата е донирана преку проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ (Фото: СДК.МК)

    Смарт табли и помошна технологија за развој на знаењета и фината моторика, а со тоа и за полесна социјализација донираше фондацијата „Чекор по чекор“ во основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Ова е дел од проект на ЕУ за инкузивни училишта, преку кој се обезбедени стипендии за 450 основци, меѓу кои има и деца со попрчености, од кои две учат во ова битолско училиште.

    „Се посветивме на опремување на две училници во кои учат двете стипендистки. Покрај интерактивната табла со софтвер наменет за сите предмети и за индувидуална и групна работа со учениците, дидактичките материјали ќе помагаат во развојот на фината моторика и можат да се користат за изучување на математиката и за задржување на вниманието и мотивацијата кај децата“, рече Елена Мишиќ, раководителката на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“.

    Директорката на училиштето Гордана Атанасова рече дека имаат 15 ученици со кои се работи по индувидуален образован план и дека набавените средства ќе дадат придонес во наставата.

    „Вклучени сме и преку проект на Општина Битола и за дел од тие 15 ученици имаме и образовни асистенти. За децата на физичка настава, асистентите доаѓаат на час, а другите работат онлајн“, рече Атанасова.

    Општина Битола е кофинансиер на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира