ИЗРАЕЛ ПРАЌА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО ГАЗА ПРЕД МОЖНА КОПНЕНА ОПЕРАЦИЈА, ДОСЕГА НАД 90 ЗАГИНАТИ ВО ГРАНАТИРАЊАТА

    ИЗРАЕЛ ПРАЌА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО ГАЗА ПРЕД МОЖНА КОПНЕНА ОПЕРАЦИЈА, ДОСЕГА НАД 90 ЗАГИНАТИ ВО ГРАНАТИРАЊАТАХамас и Израел се гаѓаат со ракети од понеделникот (Фото: АП)

    Израел почна да праќа воени засилувања на границата со Газа по најавите дека подготвува можна копнена операција. Израелската војска направи таков упад и за време на војните во 2008-09 и 2014 година.

    „Воени трупи се движат кон границата со Газа. Тоа се подготвителни активности“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили, Јонатан Конрикус.

    Тој додаде дека се повикани 3.000 воени резервисти, а воените заповедници на границата добиле предупредување од владата да бидат подготвени за сите можности и ескалација.

    „Тие се во борбена процедура, буквално се подготвуваат за битка. Но, тоа не е она што неопходно ќе се случи утре наутро. Нашиот фокус е на разбивањето на непријателските способности“, кажа Конрикус.

    Хамас и Израел се гаѓаат со ракети од понеделникот, откако над 300 Палестинци беа повредени во судирите со израелските безбедносни сили пред џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим. Досега загинаа најмалку 83 луѓе во Газа и седуммина Израелци, вклучувајќи деца.

    Хамас утрово ги ракетираше и Тел Авив и Ерусалим откако Израел уби неколкумина командири на оваа милитантна група и уништи три повеќекатници во Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира