БАЈДЕН ЈА ТРГНА МАСКАТА ПО НОВИТЕ ПРЕПОРАКИ ДЕКА ВАКЦИНИРАНИТЕ ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА ЈА НОСАТ

    БАЈДЕН ЈА ТРГНА МАСКАТА ПО НОВИТЕ ПРЕПОРАКИ ДЕКА ВАКЦИНИРАНИТЕ ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА ЈА НОСАТЏо Бајден и Камала Харис веќе не мора да носат маска на работа (Фото: АП)

    Целосно вакцинираните Американци од денеска не мора да носат маска во повеќето внатрешни и надворешни средини, што Џо Бајден го опиша како голем ден за Америка. Тој ја тргна маската од лицето во својот кабинет откако беа соопштени новите препораки на здравствените власти.

    „Правилото е едноставно: вакцинирајте се или носете маска додека не го направите тоа. Изборот е ваш“, кажа Бајден.

    Носењето маска и натаму се препорачува во внатрешни простори каде што има многу луѓе, како автобуси, авиони и болници. Според новите препораки на Центарот за контрола и превенција на болести, социјална дистанца како мерка исто така се укинува за целосно вакцинираните.

    Бајден повика и на целосно отворање на училиштата наесен, што следува откако беше одобрена употребата на ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години.

    Ширењето на коронавирусот во САД е на најниско ниво од септември, а бројот на смртни случаи е најмал уште од април минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира