МНР ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТ

    МНР ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТНа 14 мај, во Министерството за надворешни работи бил повикан рускиот амбасадор, при што му била врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на земјава во рок од седум дена. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за надворешни работи прогласи еден дипломат од Руската амбасада во Скопје за непожелна личност во Македонија и му даде рок од седум дена да ја напушти државата, соопштија од министерството.

    „Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија. Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, се вели во соопштението, без наведе причината за ваквата одлука на МНР.

    Македонија протера еден руски дипломат и во март 2018 година, тогаш како солидарност во Велика Британија поради случајот Скрипал. И во двата случаи, МНР се повикува на член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира