ВО ШПАНИЈА ШОКИРАНИ ОТИ НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ РЕКЛЕ ДА СИ НОСАТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ВО ШКОЛО

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Мадрид,(АП)

    ВО ШПАНИЈА ШОКИРАНИ ОТИ НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ РЕКЛЕ ДА СИ НОСАТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ВО ШКОЛО

    Во Шпанија изби расправија околу снабдувањето со тоалетна харитја во едно државно училиште, по што во разрешување на случајот мораа да се вклучат и локалните власти

    Основното училиште „Рафаел гарсија Валино“ во Јепес, град на 50 километри од Мадрид, неодамна испрати листа со работи што им се потребни на учениците за настава годинава. Меѓу пенкалата, тетратките и гумите за бришење се најде една неочекувана работа: шест ролни тоалетна хартија.

    Еден од родителите, Кармен Контрерас, се пожали на Фејсбук дека барањето е „тотално надреално“. Таа кажа дека од школото им било соопштеноо дека немаат доволно пари за тоалетна хартија. Весникот АБЦ јави дека градските власти во Јепес се понудиле да го решат проблемот со недостиг на тоалетна хартија за целото училиште.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира