ОХАЈО ГИ ДОДЕЛИ ПРВИТЕ МИЛИОН ДОЛАРИ И ШКОЛАРИНА ЗА КОЛЕЏ НА СВОЈАТА ЛОТАРИЈА ЗА ВАКЦИНИРАНИ

    ОХАЈО ГИ ДОДЕЛИ ПРВИТЕ МИЛИОН ДОЛАРИ И ШКОЛАРИНА ЗА КОЛЕЏ НА СВОЈАТА ЛОТАРИЈА ЗА ВАКЦИНИРАНИГувернерот на Охајо, Мајк Девајн, со младиот Џозеф Костело, кој освои школарина

    Американската сојузна држава Охајо ги објави првите победници на својата лотарија во која можат да учествуваат само лицата вакцинирани против ковид-19. Абигејл Бугенске од предградие на Синсинати освои еден милион долари, додека тинејџерот Џозеф Костело од областа Дејтон е награден со школарина за колеџ.

    Гувернерот на Охајо, Мајк Девајн, ја лансираше оваа иницијатива на 12 април со цел да го поттикне вакцинирањето и се пофали дека таа дала резултати.

    „Од 14 до 19 мај, вакцинирањето во Охајо се зголемило за 94% кај лицата од 16 и 17 години, за 46% кај оние од 18 и 19 години, односно за 55% кај возрасната група од 20 до 49 години, во споредба со периодот од 7 до 12 мај“, изјави Девајн.

    Во наредните четири недели ќе бидат доделени уште четири премии од милион долари и четири школарини.

    Администрацијата на Бајден ја пофали лотаријата и оваа иницијатива во меѓувреме се прошири и во Њујорк, Мериленд, Орегон и Колорадо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира