Специјалното јавно обвинителство на Фејсбук објави дека директорот на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов вршат опструкција на собирањето докази во зградата на УБК каде што денеска со судски налози влезе Катица Јанева со нејзиниот тим.
„И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење“, стои во објавата на СЈО.
“Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба“, повторно истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата.
Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов. пишува во објавата на СЈО.