БРИТАНИЈА МОЖЕБИ ЌЕ ГО ОДЛОЖИ ЦЕЛОСНОТО УКИНУВАЊЕ НА КОРОНАМЕРКИТЕ ПОРАДИ ПОПРЕНОСЛИВИОТ ИНДИСКИ СОЈ

    БРИТАНИЈА МОЖЕБИ ЌЕ ГО ОДЛОЖИ ЦЕЛОСНОТО УКИНУВАЊЕ НА КОРОНАМЕРКИТЕ ПОРАДИ ПОПРЕНОСЛИВИОТ ИНДИСКИ СОЈИндискиот сој сега доминира меѓу новите случаи на зараза во Британија (Фото: Ројтерс)

    Велика Британија можеби ќе мора да ги одложи плановите за целосно укинување на коронамерките на 21 јуни поради грижите околу индискиот сој, кој сега е доминантен меѓу новите случаи на зараза во земјата. Ова го најави министерот за здравство Мет Хенкок, додавајќи дека има значајно ширење на варијантата делта, која првпат беше идентификувана во Индија минатиот месец.

    „Прерано е да се донесе конечна одлука. Вакцините делуваат и тие се нашиот излез, но новата, индиска варијанта ги комплицира работите околу целосното отворање на 21 јуни. Владата е отворена за можноста да има одложување“, изјави Хенкок.

    Тој вели дека индискиот сој се чини 40% попренослив од британската варијанта, која досега беше доминантна во Британија.

    „Брзата имунизација ја ослабна, но не ја скрши целосно врската помеѓу вирусот, хоспитализацијата и смртните случаи. Важно е луѓето да ги примат двете дози од ковид вакцините, зашто се покажа дека тие се делотворни против индискиот сој“, изјави Хенкок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира