НЕМА ДА ИМА НИ СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ ПОРАДИ ЗАБРАНАТА НА ЗАМП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ДА ИМА НИ СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ ПОРАДИ ЗАБРАНАТА НА ЗАМП

    Извесно е, но не и потврдено дека поради забраната на ЗАМП годинава нема да се одржи Скопскиот фестивал, кој е во организација на МРТ, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Популарниот музички фестивал се одржува пред празникот на Градот, 13 ноември, па неофицијално веќе се зборува дека нема реални можности за организација на манифестацијата до предвидениот датум.

    Во музичките кругови со кои контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека досега е направено она што е до МРТ од организациски аспект, а што не чини пари, како што е Конкурсот кој беше уредно распишан. Но за натамошна реализација на комплексниот настан се потребни време и пари кои едноставно ги нема, дури и ако утре има разврска на случајот ЗАМП.

    Поради забраната за емитување музика од автори-членови на ЗАМП (Здружението за заштита на музичките права) за емитување на македонска музика на нивни членови во електронските медиуми,  на крајот на септември не се одржа ниту Фолк фест – Валандово кој се пренесува на МТВ. Не беше земен предвид апелот на Општината и на Домот на културата поради авторите чии песни се одбрани, да се направи остапка во забраната која ЗАМП ја стартуваше на 20 септември.

    Неодамна Министерството за култура рече дека е нејасно зошто ЗАМП донесе одлука за забрана на музика од своите членови и испрати инспекција во здружението.

    До премиерот Емил Димитриев и до министерката Елизабета Канческа – Милевска завчера е испратено писмо од Регионална конференција на здруженијата за колективна заштита на музички права на Балканот, со кое ги известуваат дека „со чинот на водење неразумна политика во доменот на музички авторски права, последиците се забрана за емитување на 700.000 музички дела кои припаѓаат на 28.500 автори од регионот“. Здруженијата од 6 земји од регионот го поддржуваат ЗАМП во противењето кон одлуката да се формира второ здружение за заштита, СОКОМ МАП.

    Во меѓувреме, новоформираното здружение СОКОМ-МАП кое понуди тарифник за наплата понизок од ЗАМП и за тој тарифник чека одобрување од Владата, бара Министерството да ја укине лиценцата за работа на ЗАМП, кое пак доби поддршка од речиси сите регионални здруженија, па во земјава не смее да се емитува ниту српска, ниту хрватска ниту црногорска музика.

    Министерката Елизабета Канческа Милевска најави дека до утре ќе има одлука по извештајот на инпекциската служба во ЗАМП.

    Познавачите на состојбите велат дека сложен настан со многу учесници како Скопскиот фестивал се подготвува минимум два месеца однапред. Не може да се тргне во реализација на фестивал без сценографија за која треба време да се изработи, резервирање на сала, преслушување на песните и избор на 18-те композиции кои ќе се натпреваруваат, потоа нивна подготовка со Ревискиот оркестар на МРТ, како и нивно финансирање.

    Скопскиот фестивал го поддржува секој авторски тим на одбрана песна со по 1.000 евра, а наградите се 10 илјади евра за првопласираната композиција, потоа 7,5 илјади за втора и пет илјади за третонаградената композиција. Треба да се одбере жирито, да се испочитува добитникот на животно дело кој исто така има паричен надоместок од илјада евра.

    Лани победник на Скопски фестивал беше групата „Ај-Кју“ со песната „Убава“.

    Од МРТ нема официјална изјава околу решението како ќе се постапува во новонастанатата ситуација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира