САД ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ 500 МИЛИОНИ КОВИД ВАКЦИНИ ЗА СТОТИНА ЗЕМЈИ

    САД ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ 500 МИЛИОНИ КОВИД ВАКЦИНИ ЗА СТОТИНА ЗЕМЈИБајден денеска пристигна во Велика Британија, што е негово прво патување во странство откако стана претседател (Фото: АП)

    Администрацијата на Џо Бајден ќе обезбеди 500 милиони вакцини на „Фајзер/Бионтек“ за стотина земји низ цел свет во наредните две години, објавија американските медиуми. Околу 200 милиони дози ќе бидат дистрибуирани оваа година, а остатокот во 2022.

    Ова следува откако САД се најдоа под голем притисок да им помогнат на сиромашните земји со вакцини. Белата куќа засега официјално не го коментираше планот за испорака на половина милијарда вакцини, но запрашан дали американската влада има стратегија за вакцинирањето во светот, Бајден одговори:

    „Имаме една и наскоро ќе ја објавиме“.

    Бајден денеска пристигна во Велика Британија, што е негово прво патување во странство откако стана претседател. Во рамките на турнејата ќе се сретне и со Владимир Путин на 16 јуни во Швајцарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира