Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир вели дека на охридското крајбрежје не смее да има дивоградби и тие треба да бидат отстранети, во денешниот твит во кој ја означи министерката за култура Ирена Стефоска, со хаштаг „владеење на правото“.
Тој вели дека уникатното природно и културно богатство на регионот, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано и дека со заштита на наследството на Охрид се инвестира во нови работни места во туристичката индустрија.
„Нелегални градби не смее да има на охридското крајбрежје и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано. Со заштита на наследството на Охрид, ние исто така инвестираме во туристичката индустрија денеска и утре. Владеење на правото“, твитна Гир.
Охридскиот регион е многу блиску да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, по последните два катастрофални извештаи на УНЕСКО за урбанистичкиот хаос во регионот.