Шеесет и едногодишно лице од Скопје е пријавено за починато од ковид-19 во денешната статистика на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи во: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.
На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 121 пациент.
Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.487, оздравени се 149.582, починаа 5.468, а активни случаи се 437.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68600, Активни 208
Куманово 8862, Активни 50
Прилеп 8315, Активни 32
Тетово 7223, Активни 20
Битола 6299, Активни 13
Велес 5469, Активни 2
Гостивар 5180, Активни 15
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5008, Активни 16
Штип 4959, Активни 2
Струмица 4113, Активни 7
Струга 2981, Активни 4
Кочани 2791, Активни 5
Кичево 2570, Активни 20
Гевгелија 2195, Активни 4
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 2
Ресен 1234, Активни 1
Крива Паланка 1221, Активни 1
Радовиш 1161, Активни 7
Берово 1029, Активни 1
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 7
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 2
Дојран 132, Активни 0