ОД СРЕДА ДА СЕ УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ОД СРЕДА ДА СЕ УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ„Епидемиолошката состојба е стабилна“, вели министерот Филипче. (Фото: К. Попов)

    Од среда, 16 јуни, да се укине полицискиот час, е новиот предлог на Комисијата за заразни болници кој ќе биде предложени до Главниот кризен штаб, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

    „Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова“, вели Филипче.

    Комисијата исто така предлага са се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Нов предлог е и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

    Вчера, за првпат после 2 септември 2020, во земјава немаше нов починат од ковид-19. Активни случаи има 437.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.536, оздравени се 149.628, а починаа 5.471.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира