СЕ КОНСУЛТИРАМЕ ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ДА ГО ПУШТИМЕ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    СЕ КОНСУЛТИРАМЕ ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ДА ГО ПУШТИМЕ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, РЕЧЕ ЗАЕВОткако законот е закочен во Собранието, сега се бара начин како тој да помине. (Фото: К.Попов)

    Премиерот Зоран Заев денес најави дека се разгледува можноста Законот за државјанство да биде пуштен во Собрание со европско знаменце. Предлог-законот е закочен во Собранието во фаза на комисиска расправа, сега власта се бара начин како тој да помине.

    „Во моментов се анализира дали може да биде повлечен и пуштен со европско знаменце доколку секако тоа е согласност со одредени директиви или регулативи на Европската унија. Немаме проблем да го пуштиме со европско знаменце оти го усогласивме заедно. Се вршат консултации дали во него има дефинирано европски директиви и регулативи кои што се имплементираат со ваквото законско решение“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на доделување на пари  кои ТАВ требаше да ги вложи во карго аеродром во Штип на општините.

    Измените на Законот за државјанство се предложени на барање на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Целта, како што велат од двете партии, е да се олесни процесот за добивање државјанство на стотици граѓани кои, иако се родени или долго време живеат во Македонија, немаат државјанство.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира