СЕГА ЌЕ ГАСИМЕ ПОЖАР И ЌЕ СПАСУВАМЕ ЛУЃЕ ДО 11 КАТ, КАЖА ШИЛЕГОВ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВАТА ПОЖАРНА СКАЛА

    СЕГА ЌЕ ГАСИМЕ ПОЖАР И ЌЕ СПАСУВАМЕ ЛУЃЕ ДО 11 КАТ, КАЖА ШИЛЕГОВ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВАТА ПОЖАРНА СКАЛАСкалата за 17.5 секунди може да се пушти во цела должина и да се интервенира. (Фото: К. Попов)

    Од денес, скопската Пожарна ќе може да интервенира при пожар и до 11 кат со новата 42-метарска скала која беше презентирана попладнево со показна вежба. Како што кажа скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со скалата која досега ја имаше Пожарна може да се интервенира само до 5 кат.

    „Бидејќи немавме ваква скала во пожарот пред неколку години, станарите од 7 кат со часови седеа затворени во нивните станови оти пожарот беше на 5 кат и не можевме одвнатре да ги евакуираме“, рече Шилегов.

    Новата 42-метарска скала беше презентирана со показна вежба. (Фото: К. Попов)

    Скалата за 17.5 секунди може да се пушти во цела должина и да се интервенира, кажа на презентацијата и вежбата командантот на Пожарната Владимир Симоновски.

    „Оваа е најсовремена скала со дополнителна опрема која ќе овозможи брза и ефикасна интервенција“, рече Симоновски.

    Скалата чини 1.7 милиони евра со ДДВ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира