ВЕ ЛАЖАТ И ВАС И ЕУ ДЕКА НЕ МОЖАТ НИШТО ДА НАПРАВАТ, МУ КАЖА БОРИСОВ НА ЗАЕВ ЗА РАДЕВ И ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

    ВЕ ЛАЖАТ И ВАС И ЕУ ДЕКА НЕ МОЖАТ НИШТО ДА НАПРАВАТ, МУ КАЖА БОРИСОВ НА ЗАЕВ ЗА РАДЕВ И ТЕХНИЧКАТА ВЛАДАПрвата средба денеска во Софија, македонската делегација ја имаше со поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов. (Фото: Твитер)

    Премиерот Зоран Заев денеска е во Софија и првата средба утринава ја имаше со поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој му рече дека Радев и другите луѓе со кои ќе се сретне денеска ќе му кажат дека не можат ништо да направат без парламент, но дека тоа е лага.

    Заев денеска ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев и со техничкиот премиер Стефан Јанев, во обид да се најде решение Македонија да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ следната недела.

    „Ќе имате многу средби денеска. Јас сум убеден, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете денеска, особено за Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент не можат ништо да направат. Ќе ја префрлат пак одговорноста, како за набавката на воени авиони, кон парламентот. Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност како што секогаш прават. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери, дека се за членсво на Северна Македонија во ЕУ“, кажа Борисoв за време на средбата со Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира