ОВА Е МОЈОТ ПОСЛЕДЕН АНГАЖМАН КАКО СЕЛЕКТОР, КАЖА ИГОР АНГЕЛОВСКИ ПО МЕЧОТ СО ХОЛАНДИЈА

    ОВА Е МОЈОТ ПОСЛЕДЕН АНГАЖМАН КАКО СЕЛЕКТОР, КАЖА ИГОР АНГЕЛОВСКИ ПО МЕЧОТ СО ХОЛАНДИЈААнгеловски е селектор со најдолг стаж во историјата на македонската репрезентација (Фото: ФФМ)

    Игор Ангеловски индиректно најави дека дуелот со Холандија му беше последен како селектор на македонската фудбалска репрезентација.

    Зборувајќи на прес-конференцијата по натпреварот што Македонија го изгуби со 0:3, Ангеловски кажа дека тоа беше неговиот последен професионален ангажман како селектор на Македонија.

    „Ова е мојата последна прес-конференција како селектор. Мојот договор со Фудбалската федерација на Македонија истекува на 31 јули и со тоа завршуваат моите обврски“, изјави Ангеловски.

    Тој дојде на функцијата во 2015 година, со што е селектор со најдолг стаж во историјата на македонската репрезентација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира