ИЗРАЕЛ ЈА ВРАТИ МЕРКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКА ВО ЗАТВОРЕНО ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ

    ИЗРАЕЛ ЈА ВРАТИ МЕРКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКА ВО ЗАТВОРЕНО ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТМерката беше укината пред само десет дена (Фото: Гети)

    Израел повторно ја воведе мерката за задолжително носење маска во затворено, само неколку дена откако ја укина.

    Властите реагираа откако неколку дена по ред во земјата биле регистрирани повеќе од 100 нови случаи на коронавирус, што е голем пораст во споредба со почетокот на месецот, кога бројката беше нула. Повеќето нови случаи се поврзуваат со индискиот сој на коронавирусот донесен од странство.

    Израел ја спроведе една од најуспешните и најбрзи програми за имунизација против ковид-19 на светот и над 50% од населението се делумно или целосно вакцинирани. Како резултат на ова, постепено беа укинати сите рестриктивни мерки, од кои последната беше носење маска во затворено.

    „Сведочиме на удвојување на бројот на нови случаи на секои неколку дена. Друга загрижувачка работа е што заразата се шири“, изјави Нахман Аш, шефот на кризниот штаб за борба против коронавирусот, додавајќи дека северниот град Бинјамина е прогласен за „црвена зона“.

    Израел исто така го одложи отворањето на земјата за вакцинирани странски туристи за еден месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира