АВСТРАЛИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА ОД ПАНДЕМИЈАТА ДОДЕКА ИНДИСКИОТ СОЈ СЕ ШИРИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА

    АВСТРАЛИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА ОД ПАНДЕМИЈАТА ДОДЕКА ИНДИСКИОТ СОЈ СЕ ШИРИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈАСиднеј ќе биде во карантин до 9 јули (Фото: ЕПА)

    Австралија влезе во нова фаза од пандемијата откако за првпат по повеќе месеци ширењето на коронавирусот истовремено е забележано во разни делови од земјата.

    Кластерот во Сиднеј, кој се поврзува со високо преносливата индиска варијанта, порасна на 128 заразени, а нови случаи се регистрирани и во сојузните држави Северна Територија, Квинсленд и Западна Австралија. Ескалацијата доведе до прогласување карантин во Сиднеј и Дарвин, а рестрикции се воведени во четири сојузни држави.

    „Ова е критично време за нашата земја. Мислам дека влегуваме во нова фаза од пандемијата“, изјави министерот за финансии Џош Фриденберг, додека австралиските лидери денеска ќе одржат итен состанок.

    Ситуацијата е најзагрижувачка во Сиднеј, каде што пет милиони луѓе се опфатени со наредбата да се седи дома. Денеска се потврдени уште 18 нови случаи на зараза.

    „Делта варијантата е многу страшен непријател. Преносливоста е речиси стопроцентна во рамките на едно домаќинство. Какви одбранбени мерки и да преземеме, вирусот знае да изведе контранапад“, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.

    Австралија досега успешно се справуваше со пандемијата така што воведуваше карантини и ги затвораше границите и оваа година нема ниеден смртен случај од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира