СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КИМ ЏОНГ-УН ОТКАКО НАГЛО ОСЛАБНАЛ

    СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КИМ ЏОНГ-УН ОТКАКО НАГЛО ОСЛАБНАЛОткако е на власт, често се појавуваа шпекулации за здравјето на Ким (Фото: ЕПА)

    Севернокорејската државна телевизија направи преседан и објави снимка на која еден граѓанин изразува загриженост за здравјето на лидерот Ким Џонг-ун, алудирајќи на неговото нагло слабеење.

    Здравјето на Ким е тема за која јавно не се зборува во земјата, каде што неговиот имиџ е строго контролиран од државните медиуми. Откако е на власт, често се појавуваа шпекулации за здравјето на Ким, но владата никогаш не се изјаснуваше за тоа. Сепак, последните снимки на „Кореа сентрал ТВ“ наводно предизвикале загриженост за здравјето на Ким.

    На една снимка, видно ослабнатиот Ким е прикажан како доаѓа на концерт. На втората, уште понеобична снимка, изјава дава еден неименуван граѓанин на Пјонгјанг.

    „Сите многу се натаживме кога го видовме така ослабнат. Сите почнавме да плачеме“, вели тој.

    И претходни снимки од состаноците на Работничката партија сугерираа дека Ким ослабнал. Во минатото, тој на периоди исчезнуваше од јавноста, што се поврзуваше со медицински процедури. За Ким се верува дека има 37 години и познато е дека е тежок пушач.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира