ФРАНЦИЈА ПОЧНА ДА ГО РАСЧИСТУВА МИГРАНТСКИОТ КАМП „ЏУНГЛА“ ВО КАЛЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Кале,(Би-Би-Си)

    ФРАНЦИЈА ПОЧНА ДА ГО РАСЧИСТУВА МИГРАНТСКИОТ КАМП „ЏУНГЛА“ ВО КАЛЕ

    Повеќе од 1.200 полицајци и службеници во Франција почнаа со операцијата да ја расчистат „Џунглата“, мигрантски камп во Кале. Во кампот престојуваат околу 7.000 луѓе во мизерни услови.

    Мигрантите мирно се наредија да бидат обработени и првиот од 60-те автобуси што ќе ги носи по бегалските центри низ Франција, веќе замина. Постои загриженост дека некои од мигрантите ќе одбијат да си заминат, бидејќи се уште сакаат да стигнат до Велика Британија, а викендов имаше и помали судири. Уништувањето на кампот треба да се случи утре.

    Велика Британија веќе почна да прима дел од 1.300-те деца без придружба од кампот. Првата група деца без семејни врски во Велика Британија пристигна во земјата, според правилото „Дабс“, кои им овозможува прибежиште на најзагрозените.

    Возрасните мигранти, откако ќе бидат распоредени во 450 центри во разни делови од Франција ќе имаат можност да побараат азил. Ако не побараат, се соочуваат со депортација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира