Во Тетово има четири случаи кои треба да се секвенцираат, но врз основа на скринингот се суспектни на јужноафриканскиот сој на ковид-19, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Информацијата ја добил утрово од академик Александар Димовски од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“ при МАНУ.
„Тоа значи дека, ете, има и други соеви во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, скрининг, анализа. Утрово разговарав и со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во приватната болница и нема податоци за нови случаи со делта сој“, кажа Филипче на настан за отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.
Во земјава има 156 активни случаи на ковид-19, и веќе десетина потврдени случаи на делта сојот.
Б. НЕСТОРОСКА