Најмалку 19-мина загинати и многу исчезнати има во големите поплави по рекорднире врнежи во западна Германија, соопшти полицијата. Најтешко погодени се сојузните држави Рајнланд-Палатинате и Северна Рајна-Вестфалија, каде надојдената вода однесе куќи и коли.
Двајца загинати има и во соседна Белгија, а тешко е погодена и Холандија.
Поплавите се резултат на рекордните врнежи во делови од западна Европа, поради што реките се излеаја од коритата.
Владата на Рајнланд-Палатинате вели дека состојбата е катастрофална и дека се исчезнати најмалку 70 луѓе. На терен се полицијата и војската, дел од училиштата се затворени, а теко се оштетени и патиштата и пругите.