ГИ КИНАТ ЦРЕВАТА ОД СИСТЕМОТ ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО НИЗ СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ РАЗЛАДУВААТ

    ГИ КИНАТ ЦРЕВАТА ОД СИСТЕМОТ ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО НИЗ СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ РАЗЛАДУВААТЛица ги кинат цревата во жардиниерата на булеварот Партизански одреди во Карпош 2. (Фото: СДК.МК)

    Уништен на повеќе локации низ Скопје е системот за полевање на зеленилото капка по капка. Граѓани ги кинат цревата од прскалките за да се разладуваат.

    „Имаме голем проблем со уништување на системот за полевање. Изминатиов месец откако температурите се високи, лица ги кинат цревата кои се поврзани со системот за да можат да се бањаат. На новото зеленило кое го направивме на булеварот Гоце Делчев целиот систем беше уништен од семејство кои живее покрај Вардар во картонска куќа, за да се бањаат и перат. Ни ги кинат цревата и лицата кои на раскрсниците перат коли, на тој начин си ги полнат кофите со вода“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

    Муча вели дека на сите локации интервенираат и го поправаат системот, но се случува за неколку дена тој повторно да биде уништен.

    Поради високите температури и апелите на ЈП „Водовод и канализација“ за штедење на водата, зеленилото низ градот се полева навечер односно од полноќ до 6 часот навечер.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира