ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ КИРО ГЛИГОРОВ ОД МОСТ БЛИЗНАК ДО УЛИЦАТА ПЕРО НАКОВ ВО СКОПСКА ГАЗИ БАБА

    ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ КИРО ГЛИГОРОВ ОД МОСТ БЛИЗНАК ДО УЛИЦАТА ПЕРО НАКОВ ВО СКОПСКА ГАЗИ БАБАПокрај поставување нов асфалт, ќе се изведе и фекална канализација која дирекно ќе се влева во колекторскиот систем.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на булеварот Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица Перо Наков. Покрај поставување нов асфалт, ќе се изведе и фекална канализација која дирекно ќе се влева во колекторскиот систем.

    „Канализацијата ќе биде со должина од над еден километар, со што целосно ќе се реши проблемот кој е повеќедецениски со непостоење на  атмосферска и фекална канализација на овој индустриски развиен дел во нашиот град. Со ова, всушност, ќе овозможиме непречен развој на самата општина и во индустрискиот дел, меѓутоа и во станбениот дел којшто интензивно се развива во овој период. Паралелно со изведбата на овие две канализациони мрежи, во првата фаза ќе извршиме и замена и освежување на коловозот од клучката Дијамант до раскрсницата на Перо Наков,  значи на две раскрсници, а по завршувањето на работата на канализацијата ќе извршиме и реновирање на дел од асфалтот  на булеварот се до мостот Близнаци.  Оваа инвестиција Градот ќе го чини околу 110 милиони денари“, кажа градоначалникот Петре Шилегов.

    Градежните работи ќе се одвиваат во фази, првиот дел со замена на асфалтот ќе биде готов за помалку од еден месец, а остатокот од канализацијата со реконструкцијата на асфалтот би требало да се заврши за неколку месеци. Шилегов најави дека се подготвува документација за реконструкција на улицата Перо Наков, која откако е направена не е реновирана.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира