ВАТИКАН ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ВО КОЈ ОТКРИ ДЕКА ПОСЕДУВА НАД 5.000 НЕДВИЖНОСТИ

    ВАТИКАН ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ВО КОЈ ОТКРИ ДЕКА ПОСЕДУВА НАД 5.000 НЕДВИЖНОСТИВатикан има над 1.100 недвижности надвор од Италија (Фото: Г. Конев)

    Ватикан за првпат објави извештај за своите недвижности, кој открива дека поседува повеќе од 5.000 имоти низ цел свет. Документот дава и увид во финансиската состојба на Ватикан за 2020 година, во обид неговото работење да биде што потранспарентно.

    Според објавените информации, Ватикан поседува 4.051 недвижност низ Италија, како и 1.120 во странство, што не ги вклучува амбасадите низ светот. Само 14% од недвижностите се изнајмуваат по пазарни цени, останатите по пониски тарифи и тоа најчесто на вработените во црквата.

    Околу 40% се институционални објекти, како училишта, болници и манастири. Документот покажува и дека Ватикан располага со недвижности во луксузни делови на Лондон, Женева, Лозана и Париз.

    Една зграда во Лондон донела огромни загуби откако била купена во 2014 година и во вторник почнува судење на десет лица, вклучувајќи угледен кардинал, кои се доведуваат во врска со оваа инвестиција. Тие се товарат за перење пари, изнуда и измама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира