НАЈМАЛКУ ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА КОСОВСКИ АВТОБУС ОД АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА

    НАЈМАЛКУ ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА КОСОВСКИ АВТОБУС ОД АВТОПАТ ВО ХРВАТСКАГолем број од повредените се во животна опасност (Фото: Кропикс)

    Најмалку десет луѓе загинаа, а 30-ина се повредени во автобуската несреќа што утрово се случи на автопатот кај Славонски Брод во Хрватска. Локалната полиција објави дека станува збор за косовски автобус, кој патувал на релацијата Франкфурт-Приштина.

    „Полицијата во 6:22 часот прими дојава за излетување на автобус. На местото на несреќата беше утврдено дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблици, кој сообраќал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Истрагата е во тек. Повеќе лица загинаа, а 30-ина се превезени во болница“, изјави началникот на полициската станица во Славонски Брод, Фрањо Галиќ.

    Тој додаде дека меѓу загинатите и повредените има и деца, а според првичните информации, во автобусот имало повеќе од 60 патници.

    „Ситуацијата е многу тешка. Голем број од повредените се во животна опасност“, додаде полицијата.

    Засега не се познати причините за несреќата. „Јутарњи лист“ објави дека во автобусот имало двајца возачи, кои наводно се замениле зад воланот по запирањето во Загреб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира