СПАСЕНИ СЕДУММИНА ЧЕШКИ ПЛАНИНАРИ КОИ ЗАЛУТАЛЕ НА ШАР ПЛАНИНА, ЕДЕН ИМАЛ СКРШЕНИЦА НА РАКАТА

    СПАСЕНИ СЕДУММИНА ЧЕШКИ ПЛАНИНАРИ КОИ ЗАЛУТАЛЕ НА ШАР ПЛАНИНА, ЕДЕН ИМАЛ СКРШЕНИЦА НА РАКАТАПланинарите биле пронајдени во координирана акција на службите од Тетово (Фото: Фејсбук)

    Вчера доцна попладне, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во Тетово е добиен повик дека седуммина чешки планинари залутале на Шар Планина, некаде во реонот на месноста Лешница и дека еден од нив е потешко повреден, со скршеница на раката. РЦУК веднаш организираше координирана акција за спасување на планинарите. Целта била тие да се најдат и спасат пред да падне ноќта. Во акцијата биле вклучени и противпожарната единица од Тетово, брзата помош и припадници на СВР Тетово.

    Полицијата по првиот контакт со планинарите тргнала во пребарување на тешкиот и непристапен терен, а пожарникарите и брзата помош стигнале на најоддалечената точка на планината до која можеле да пристапат. Комуникацијата преку мобилен телефон дала плод и загубените планинари околу 20:30 часот биле пронајдени, а повредениот бил згрижен.

    „Планинарите се пронајдени и извлечени од планината, а повредениот планинар со скршеници на раката е згрижен. За брзо спасување во теренски услови од пресудно значење се големато искуство на припадниците на СУК и на Противпожарната единица од Тетово и соработката со припадниците на СВР Тетово и сите други субјекти од СУК, кои дадоа свој придонес во справувањето со оваа кризна ситуација. Ваквите случки потсетуваат дека секоја прошетка во планина треба сериозно да се сфати. Но, и ако нешто несакано се случи, ние имаме сериозни капацитети за барање и спасување во планински услови во сите годишни времиња“, велат од РЦУК Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира