15-ГОДИШНАТА МИА БЛАЖЕВСКА ЕМИНОВА 40-ТА НА 100 МЕТРИ СЛОБОДНО ВО ТОКИО ОТКАКО ПОБЕДИ ВО СВОЈАТА ГРУПА

    15-ГОДИШНАТА МИА БЛАЖЕВСКА ЕМИНОВА 40-ТА НА 100 МЕТРИ СЛОБОДНО ВО ТОКИО ОТКАКО ПОБЕДИ ВО СВОЈАТА ГРУПАБлажевска Еминова не успеа да собори личен рекорд

    Најмладата македонска олимпијка Миа Блажевска Еминова победи во својата квалификациска група на 100 метри слободно на Олимписките игри во Токио, но не се пласираше во полуфиналето и во конечниот поредок беше 40. во конкуренција на 52 пливачки.

    Петнаесетгодишната пливачка на скопскиот клуб Орион исплива време од 57 секунди и 19 стотинки, со што не го подобри својот личен рекорд.

    Најдоброто време во квалификациите го оствари Ема Меккион од 52 секунди и 13 стотинки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира