ПАК СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ОД КОВИД-19 ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА, ДОМИНИРААТ ПОМЛАДИ ПАЦИЕНТИ

    ПАК СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ОД КОВИД-19 ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА, ДОМИНИРААТ ПОМЛАДИ ПАЦИЕНТИНа инфективното одделение во Тетово моментално има 11 хоспитализирани пациенти со тешка клиничка слика и кои се на кислородна поддршка. (Фото: СДК.МК)

    По затишје од неколку недели, бројот на хоспитализирани пациенти заразени со ковид-19 повторно достигна двоцифрена бројка. До денес напладне на инфективното одделение има 11 пациенти со потешка клиничка слика.

    „На инфективното одделение моментално има 11 хоспитализирани пациенти со тешка клиничка слика и кои се на кислородна поддршка. Овие пациенти претходно се лекувани кај матичните лекари, а овде се пренесени кога состојбата им станала критична. Тие се од различни возрасни групи, меѓутоа доминираат млади од 30 до 40-годишна возраст, има и пациенти од 50 до 60 години, а најстарите се на 70 годишна возраст. Правиме сè што е во наша моќ да им помогнеме и се надеваме дека ќе се избориме со заразата“, изјави д-р Фанка Дјуженко, инфектолог во Инфективното одделение на Клиничката болница во Тетово.

    Како една од причините за повторно зголемувањето на бројот на заразени и на хоспитализирани лица е непочитувањето на мерките.

    “Даваме препораки и во медиумите луѓето кои ги имаат препознатливите симптоми веднаш да се обратат кај матичните лекари за да бидат проследени тука, да им се направат лабораториски и рентдгенски  испитувања и веднаш да се започне со терапија. Повторно препорачуваме да се почитуваат мерките, да нема групирања и да се носи заштитна маска во затворено. Луѓето премногу се олабавија со свадбите, прославите и слични свечености, а сепак потребно е да се почитуваат мерките исто како во времето на најголемата криза со ковид-пандемијата“, советува Дјуженко.

    Во Тетово има 106 активни случаи со ковид-19, а досега вкупно 7.411 лица биле заболени од кои 336 починале.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира