ПЕНДАРОВСКИ НА МЕЧКИН КАМЕН ЌЕ БИДЕ ВО ДРУШТВО СО ЗАЕВ, АХМЕТИ, СТЕВЧО, МОЖЕБИ И СЕЛА КОЈ Е ВО СТРАНСТВО, МИЦКОСКИ НЕ ДОАЃА

    ПЕНДАРОВСКИ НА МЕЧКИН КАМЕН ЌЕ БИДЕ ВО ДРУШТВО СО ЗАЕВ, АХМЕТИ, СТЕВЧО, МОЖЕБИ И СЕЛА КОЈ Е ВО СТРАНСТВО, МИЦКОСКИ НЕ ДОАЃАМесто долг претседателски говор, Пендаровски одлучи на Илинден да зборуваат уметниците низ културно-уметничка програма. - Од говорот на Пендаровски во дворот на претседателската вила на Водно во 2019 година (Фото:СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да дојде на Мечкин Камен на прославата на 2 август во 18 часот, зашто традиционално на Илинден е во струшкото село Ташмаруништа.

    На изменетата концепција на прославување во Крушево на Мечкин Камен, што ја најави вчера претседателот Стево Пендаровски, засега известиле дека сигурно ќе дојдат: лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ГРОМ Стевчо Јакимовски и на СДСМ Зоран Заев, кој дента ќе зборува во Пелинце.

    Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека е во странство и дека ќе гледа да дојде.

    „Јас сум надвор од државата, но ќе гледам да дојдам. Ќе бидете информирани дали и кој ќе присуствува од Алијанса за Албанците“, вели Села.

    Пендаровски кажа дека на овој чекор се одлучил за да нема разединување и поделби како што обично бидува на 2 август на Мечкин Камен, туку на ова место на тој ден политичарите да се обединат. Тој ќе има кратко видеообраќање место долг говор, а целиот простор ќе им биде отстапен на „Танец“, Влатко Стефановски и други културно-уметнички дејци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира