Во последните 24 часа се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19 од направени 5.759 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1
Изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 183, па Тетово – 149 и Куманово – 71.