ВЛАДИКАТА ПЕТАР НИ ЈА УКРАДЕ ЦРКВАТА ВО ДЕМОНСКО ВРЕМЕ, ОТКРИЈА ВЛАСИТЕ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР НИ ЈА УКРАДЕ ЦРКВАТА ВО ДЕМОНСКО ВРЕМЕ, ОТКРИЈА ВЛАСИТЕ ВО БИТОЛА

    Преку ноќ, во време кое е нестандардно за работата на катастарот, поточно во 23.32 часот била сменета сопственоста на влашката црква „Св.Константин и Елена“ во Битола, се пожали Комуната на Власите. Од Комуната велат дека од памтивек биле сопственици на црквата, а годинава имотот е префрлен на Преспанско-пелагониската епархија. Префрлувањето се случило на 26 март, а битолските Власи за ова дознаа неодамна при вадење на документ за легализација на доградба на црквата.

    „Поттикнати од некои неразумни потези на институции и поединци во Преспанско –пелагоноската епархија, откривме дека на 26 март во 23.32 часот, демонско време, имотот на Власите е префрлен без наше знаење, со интервенција сигурно на владиката Петар е префрлен на Преспанско-пелагониската епархија. Црквата беше изградена уште во Отоманската империја, а денес во демократска Македонија му се одзеде имотот на еден етнос кој е лојален кон државата и МПЦ“, изјави Христо Чолаков-Черчил, претседател на Комуната на  Власите од Битола.

    Комуната го повика Синодот на МПЦ  да се вклучи активно во разрешување на проблемот и црквата да им се врати на старите сопственици.

    „Отидовме кај преспанско-пелагонискиот владика Петар и тој ни рече ќе ви дадам на писмено документ дека вие не сте корисници, туку сопственици. Што има да ни дава митрополитот таков документ, кога се знае кој дава документ за сопственост. Во катастарот велат дека Централниот регистар им дал таков документ, па со новата дигитализација имотот е поминат како имот на МПЦ“, изјави Симеон Караболевски , претседател на црковниот одбор.

    Комуната на Власите го повика Синодот на МПЦ да се вклучи активно во разрешување на проблемот и црквата да им се врати на старитесопственици.

    Комуната на Власите го повика Синодот на МПЦ да се вклучи активно во разрешување на проблемот и црквата да им се врати на старите сопственици.

    Црквата бил изградена во 1903 година на местото каде што денес е хотелот Епинал во Битола. Во социјализамот, поради изградбата на хотел, храмот бил срушен, а реликвиите и другиот црковен материјал бил пренесен денешната црква која во Влашкото маало се изградила во 1969 година.

    Владиката Петар вели дека не може комуна да се јави како сопственик на имотот и дека тој останува во сопственост на самата црква.

    „Сопственик на црква не може да биде некоја комуна или било кој, зашто ни во почетокот не била сопственик. Сопственост на таа црква била црквата, оние кои се обиделе да ја префрлат на комуната тие ја направиле грешката, а не ние. Ние велиме дека имотот останува на црквата која е под јурисдикција на МПЦ.  Ако некој сакал да приграби имот на име на комуна или на друго, тоа е сосема погрешно. Ние не дозволуваме ако некоја црква треба да биде црква да носи име на комуна, здруженија, организации, компани“, рече владиката Петар.

    Тој додаде дека епархијата може да им издаде документ дека црквата е влашка и тоа не го оспоруваат, но имотот ќе остане на име на црквата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира