СРАМНО Е ШТО ПО 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ ЈА ПРОМЕНИЈА ПРОСЛАВАТА ЗА ИЛИНДЕН, КАЖА МИЦКОСКИ ВО СТРУШКО ТАШМАРУНИШТА

    СРАМНО Е ШТО ПО 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ ЈА ПРОМЕНИЈА ПРОСЛАВАТА ЗА ИЛИНДЕН, КАЖА МИЦКОСКИ ВО СТРУШКО ТАШМАРУНИШТАЗа претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека не може да биде точката на обединување, туку тој е точката на разделување. (Фото: СДК.МК)

    Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија, зашто Илинден е нашата епска битка, нашата библија и нашиот крст кој ние со исклучителен пиетет го прифаќаме и носиме, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во струшко Ташмаруништа, на одбележувањето на државниот празник 2 Август – Илинден.

    „Двата Илиндена не беа создадени за да не успееме, туку за да живее идејата која донесе слобода, а слободата денес е платена со крв, пот, солзи и многу животи. Ете толку е скапо она што ни го донесоа двата Илиндена и толку е голема нашата обврска да успееме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски вели дека ова се најтешките години од независноста до денес.

    „Срамно е што за прв пат во триесет години независност ја променија прославата за Илинден. На Мечкин Камен нема говор, едно затоа што немаат што да кажат, друго затоа што се плашат од народот кој ќе им каже што мисли за нивното владеење. Стево Пендаровски не може да биде точката на обединување, тој е точката на разделување, зошто човекот фати страна и реши да молчи тогаш кога требаше да биде гласен. Кога имаше изборни фалсификати, кога требаше да се спротивстави на лошите закони, кога Заев си договараше промени на сметка на идентитетот. Јас не би бил искрен, и ќе го разочарав народот ако денес бев заедно со нив, и би послужил на таквиот фолклор, а тие вечер ќе си продолжеа со криминалите. Јас одбрав да бидам тука со народот“, рече Мицкоски.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира