Ситуацијата со пожарот во Кочани е критична, зафатени се неколку куќи, пожарот навлегува накај градот, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој вели дека на терен покрај пожарните бригади се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, а испратени се и војници од Армијата.
„Пожарот во Кочани избувнал попладнево, а ветрот е причина за неговото брзо ширење. Гори сува шума”, вели Ангелов.
15 пожарникари со три возила од скопската Пожарна се упатуваат кон Кочани.
Пожар има и во Старо Нагоричане, Македонски брод и Валандово. И таму пожарите не се ставени под контрола поради ветерот кој цел ден дува и високите температура. Пожарите денеска се гаселе само со еден хеликоптер на Армијата, бидејќи трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување не се сервисирани.
Директорот на дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути кажа дека дополнителна пожарникарска единица тргнала за Кочани и треба за еден час таму да стигне. Од ДЗС апелира до граѓаните да се вклучат доброволно на местата каде што е неопходно и директно да ја известат ДЗС за пожари во целата територијата на државата.
А. АНТЕВСКА