Македонската каратистка Пулексенија Јованоска не успеа да се вклучи во борбата за медали во кати на Олимписките игри во Токио, откако го зазеде последното, петто место во својата елиминациска група.
Јованоска на крајот заврши на деветтото место, со просечен резултат од 23,90 поени. Таа освои 23,80 поени за првата и 24 поени за втората ката, што не беше доволно да се пробие меѓу првите три места, кои обезбедуваа натамошен пласман.
И покрај тоа, Јованоска изјави дека е горда на својот настап и поради фактот што беше дел од историското деби на каратето на Олимписките игри.
„Презадоволна сум од сè што дадов на татамите. Беше привилегија да се биде дел од оваа приказна. Резултатот од второто коло е мојот најдобар досега“, напиша Јованоска на Фејсбук.
Јованоска настапи во Токио со вајлд карта.