ЗАЕВ Е НА ОДМОР ДО 12 АВГУСТ, ОД ВЛАДА ВЕЛАТ ДЕКА ГИ КООРДИНИРА МИНИСТЕРСТВАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН И ИНТЕРНЕТ

    ЗАЕВ Е НА ОДМОР ДО 12 АВГУСТ, ОД ВЛАДА ВЕЛАТ ДЕКА ГИ КООРДИНИРА МИНИСТЕРСТВАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН И ИНТЕРНЕТВо отсуство на премиерот Зоран Заев, од Владата велат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, соопштија од Владата. На одмор се и дел од министрите.

    „Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор. Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно“, велат од Владата.

    Во период кога земјата е зафатени од десетици големи пожари, од Владата велат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.

    Според тоа кој е на работа, од соопштението произлегува дека на одмор се и министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче и Бојан Маричиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира