ЏАФЕРИ ГИ РАСПИША ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА 17 ОКТОМВРИ, НЕ ОЧЕКУВА ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

    ЏАФЕРИ ГИ РАСПИША ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА 17 ОКТОМВРИ, НЕ ОЧЕКУВА ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИКЏафери кажа и дека за време на предизборната кампања која трае 20 дена нема да се одржуваат пленарни и комисиски седници на Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори на 17 октомври и рече дека не очекува дотогаш да бидат усвоени предложените измени на Изборниот законик, кои на крајот на минатиот месец влегоа во собраниска процедура.

    „Не мислам дека е соодветно на отпочнат предизборен процес да се мисли за менување на правилата. Досега можело и требало да се заврши. Лично не би очекувал некој да иницира постапка за менување правила среде процедури“, изјави Џафери на прес-конференцијата во Собранието.

    Според предложените измени, се воведува праг од 3% за влез во општинските совети, а на независните листи им се наметнува услов да соберат потписи од 2% од избирачите во општините за да учествуваат на изборите. Предложен е и полуотворен модел на изборните листи, меѓу другото.

    Џафери кажа и дека за време на предизборната кампања која трае 20 дена нема да се одржуваат пленарни и комисиски седници на Собранието.

    „Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници.На овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала“, кажа Џафери.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира