ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА КЛУЧНИОТ АВГАНИСТАНСКИ ГРАД КУНДУЗ, ТРЕТ ЗА ТРИ ДЕНА

    ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА КЛУЧНИОТ АВГАНИСТАНСКИ ГРАД КУНДУЗ, ТРЕТ ЗА ТРИ ДЕНАКундуз е најголемиот плен на Талибанците откако ја лансираа офанзивата во мај (Фото: Синхуа)

    Талибанските бунтовници го зазедоа Кундуз, клучниот град во северниот дел на Авганистан, по жестоките борби со владините сили. Од локалната власт кажаа дека целиот град паднал во рацете на Талибанците, со исклучок на аеродромот.

    Кундуз е третиот регионален главен град освоен од Талибанците во изминатите три дена и нивни најзначаен плен откако ја лансираа офанзивата во мај. Насилствата низ земјата почнаа да ескалираат откако САД и сојузничките војски најавија повлекување по 20 години воени операции, процес што треба да заврши до 9 септември.

    Талибанските милитанти остварија брз напредок во изминатите недели, освојувајќи големи територии, по што почнаа да напаѓаат и градови. Во петокот без борби влегоа во Заранџ, главниот град на провинцијата Нимроз, а вчера го освоија и Шеберган. Илјадници цивили ги напуштија своите домови од почетокот на годината.

    Кундуз е еден од најголемите градови во Авганистан и оттаму се отвора патот кон северните провинции, а со автопат е поврзан и со Кабул. Талибанците го зазедоа Кундуз и во 2015 и 2016 година, но немаа сили подолго да го задржат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира