ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА ОСМИОТ ГРАД ВО АВГАНИСТАН ЗА ШЕСТ ДЕНА, КАБУЛ МОЖЕ ДА ПАДНЕ ЗА 90 ДЕНА

    ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА ОСМИОТ ГРАД ВО АВГАНИСТАН ЗА ШЕСТ ДЕНА, КАБУЛ МОЖЕ ДА ПАДНЕ ЗА 90 ДЕНАТалибанците сега контролираат 65% од територијата на земјата (Фото: АП)

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не жали за одлуката за повлекувањето на трупите од Авганистан, додека талибанските бунтовници продолжуваат да напредуваат со забрзано темпо. Тие ја презедоа контролата врз уште еден голем град во северниот дел на земјата, вкупно осми во изминатите шест дена. По долгите борби со бунтовниците, владините сили се повлекоа од Фајзабад, главниот град на североисточната провинција Бадахшан.

    Бајден им порача на авганистанските лидери да останат обединети и да се борат за својата нација.

    „Ние ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски кон авганистанската војска, но вие мора да се борите за себеси“, кажа Бајден.

    „Вашингтон пост“ цитираше неименувани официјални лица кои предупредија дека Кабул би можел да падне во рацете на Талибанците за само 90 дена. Талибанците вчера ги освоија и Фарах и Пул-е-Кумри, кој се наоѓа на само 200 километри од Кабул, додека жестоки борби продолжуваат и во други делови од земјата.

    Талибанците ги одбија меѓународните повици за примирје. Тие сега контролираат 65% од територијата на земјата и имаат освоено осум од 34-те провинциски главни градови.

    „Ние потрошивме милијарди долари во изминатите 20 години. Трениравме и опремивме со модерна опрема 300.000 авганистански војници. Лидерите сега мора да покажат обединетост“, изјави Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира