ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА ЦЕЛИОТ ЈУГ НА АВГАНИСТАН И СЕГА КОНТРОЛИРААТ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ЗЕМЈАТА

    ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ОСВОИЈА ЦЕЛИОТ ЈУГ НА АВГАНИСТАН И СЕГА КОНТРОЛИРААТ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ЗЕМЈАТАСтотици илјади луѓе избегаа од своите домови во изминатите недели (Фото: АП)

    Талибанските бунтовници денеска го комплетираа освојувањето на југот на Авганистан, преземајќи контрола врз уште четири града во брзата офанзива која ги донесе поблиску до Кабул на неколку недели до целосното повлекување на американската војска.

    Во изминатите 24 часа, вториот и третиот најголем град во Авганистан, Херат на западот и Кандахар на југот, паднаа во рацете на Талибанците, исто како и главниот град на провинцијата Хелманд, каде што Американците и нивните сојузници водеа некои од најкрвавите битки во 20-годишната војна.

    Талибанците сега контролираат половина од 34-те провинциски главни градови, како и повеќе од две третини од земјата. Владата во Кабул сè уште контролира неколку провинции во централниот и источниот дел, како и северниот град Мазар-и-Шариф.

    Иако Кабул засега не е под директна закана, Талибанците водат борби со владините сили на 80 километри оддалеченост. Пентагон предвидува дека Кабул за 30 дена би можел да се најде под притисок на милитантите, кои за неколку месеци би можеле да ја освојат целата земја.

    Стотици илјади луѓе избегаа од своите домови во изминатите недели, стравувајќи од враќањето на бруталното и репресивно владеење на Талибанците.

    Во меѓувреме, првиот дел од 3.000 американски војници пристигнаа во Кабул со цел да ги евакуираат вработените во американската амбасада. И други западни држави најавија дека ќе ги евакуираат своите амбасади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира